11/5/2020
Сподели
PITCH PLEASE – ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ СО МЛАДИТЕ

АИЕСЕК е најголемата невладина, непрофитна, интернационална платформа за развивање на лидерскиот потенцијал кај младите. Шеесет и пет години на интернационално ниво и шеесет години во Македонија се години за почит и работа на проекти и активности од општествено-одговорен карактер, кои имаат позитивно влијание врз општеството. Присутна е во повеќе од 124 земји и територии и брои членство од 100.000 студенти.

Младинската организација АИЕСЕК во Македонија, со несмален интензитет, преку тимска работа и преку креативни проекти, им овозможува на своите членови подигање на вештините во областа на маркетингот, продажбата, човечките ресурси, проект-менаџментот, бизнис-администрацијата и на информациските технологии. Еден од проектите што се организира оваа година по третпат е настанот Pitch Please – настан наменет за поврзување на компаниите со младите.

Оваа година, порaди пандемијата со вирусот КОВИД 19, за првпат настанот се организира виртуелно. Pitch Please е познат уште и како Career Days, кој во соработка со Економскиот факултет се организирал уште од 1993 година, на кој многупати досега, покрај компаниите, учесник била и Стопанската комора на Македонија, сѐ со цел да им се помогне на младите да добијат практично искуство и подобро да конкурираат на пазарот на трудот.

Оваа година Pitch Please е поддржан од компании и од банки кои се покровители или членки на Стопанската  комора на Македонија  „НЛБ Банка АД Скопје, Ernst&Young Прокредит банка АД Скопје,  „Халкбанка“ АД Скопје и Impact Ventures одлучија годинава да ги поддржат младите и да им овозможат на дел од нив практично искуство или можно идно вработување.

Pitch Please оваа година, иако под посебни услови и тешкотии, каде што е неможно физичко присуство, но под сигурната палка на младите и креативни студенти, настанот ќе го реализира на 5 и 6 ноември низ повеќе работилници, a во фокусот ќе ги стави следните теми:

  • Невработеноста кај младите, недоволното искуство и одливот на млади таленти.
  • Неурамнотеженоста на очекувањата на компаниите и на младите.

Овие теми претставуваат дел од најголемите проблеми во нашето општество.

Преку реализација на овој настан и на идните проекти што се планираниАИЕСЕК и компаниите директно влијаат врз решавање на проблемот со кој се соочува нашата држава, но во исто време влијае врз осмата цел зададена од Обединетите Нации – достојна работа и економски развој.