1/21/2026
Сподели
Состанок на Советот на странски инвеститори со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

На 16 јануари 2026 се одржа состанок на Советот на странски инвеститори со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со Министерот г-дин Тимчо Муцунски, на кој разговаравме за можностите за зајакнување на улогата на постојните странски инвеститори во обликувањето на националната стратегија за странски инвестиции.

Разговорот се фокусираше и на подобрување на соработката во привлекување на нови инвеститори, отворање нови извозни пазари и подобрување на општата бизнис клима – преку конкретни чекори и насоки. Министерот Муцунски ја истакна силната поддршка од МНР за странските инвеститори, особено за прашања и иницијативи од стратешко значење.

Советот на странски инвеститори ќе продолжи да биде конструктивен партнер во јавно-приватниот дијалог во државата и иницијатор на нови решенија и политики за подобро водење бизнис и поуспешна држава.

Советот на странски инвеститори обединува 135 компании од над 20 земји, претставувајќи широк спектар на компании од производствени и услужни сектори.

Нашите компании членки:

✔️ Вработуваат над 40.000 луѓе
✔️ Генерираат повеќе од 60% од вкупниот извоз во Северна Македонија