11/24/2025
Сподели
Собрание на Советот на странски инвеститори

На 20.11.2025 се одржа Собранието на Советот на странски инвеститори во Скопје.

Одржани беа 2 гостински презентации:

  • Гостинска презентација на GET (Berlin Economics German Economic Team) – анализа на инвестициската клима во земјата
  • Гостинска презентација на IFC - International Finance Corporation – можности за финансирање на инвестициски проекти во Северна Македонија

Избран беше нов Управен одбор, кој обезбедува застапеност на компании од различни индустрии, од различни држави, лоцирани во и надвор од зоните. 

Членови на новиот Управен одбор:

  • Волфганг Маиер, ЕВН
  • Виктор Мизо, Костал Македонија
  • Боријан Борозанов, Џонсон Мети
  • Горан Марковиќ, Телеком
  • Јохан Шееле, Антура
  • Билјана Дескоска, Alliance One
  • Хабил Мустафа, Чагатај Кабло
  • Паоло Босио, Вабтек
  • Георги Тренкоски, Кромберг и Шуберт
  • Сашко Наков, Амфенол
  • Константинос Николау, Усје
  • Димитар Цветковски, Макстил
  • Наташа Јовческа, ЛТХ Леарница
  • Димче Нелоски, Joyson Safety Systems,
  • Санел Кустурица, Шпаркасе банка

    
За претседател на УО беше ре-избран Виктор Мизо, а за потпретседатели – ре-избран Волфганг Маиер од ЕВН и Паоло Босио од Вабтек.

На Собранието се водеше активна дискусија со учество на сите членови, со цел унапредување на поддршката за странските инвеститори, подобрување на бизнис и инвестициската клима во Македонија.

💼 Благодарност до сите учесници за нивниот ангажман и споделени идеи и иницијативи за уште поконструктивна улога на Советот на странски инвеститори во државата!