Советот на странски инвеститори и економскиот тим на Владата, предводен од Премиерот г-дин Христијан Мицкоски, на 16.12.2024 го одржаа вториот заеднички состанок. Во присуство на претставници на 40-тина компании со странски капитал кои работат во земјава, претставници од Владата и неколку државни институции, се разговараше за:
- Вклученост на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора при конципирање на законската регулатива
- Намалување на царинските стапки
- Закон за минимален глобален данок и негово усогласување со Законот за ТИРЗ
- Дигитализација и олеснување на постапките за дозволи за работа и престој за странци
- Изработка на ново упатство за оправдани инвестициски трошоци
- Минимални плати
- Недела неработен ден
- Можности за користење на новите поволни кредити
- Можности за воспоставување на ефикасен Aftercare систем за странските инвеститори
Дискусиите и предлозите се во насока на конкретни подобрувања на бизнис климата во државата и зголемување на конкурентноста и успешна работа на постојните инвеститори, како и привлекување нови странски инвестиции.
Следниот заеднички состанок на Совет на странски инвеститори и Владата е закажан за март 2025 година.