2/14/2024
Сподели
Работна средба на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори

Управниот одбор на Советот на странски инвеститори одржа работна средба на 9.02.2024 во просториите на Стопанската комора на РС Македонија.

Во пресрет на парламентарните избори 2024, Управниот одбор дискутираше по неколку предлози, барања и очекувања на странските инвеститори од новата Влада, и одлучи истите да бидат дел од платформата за дијалог со политичките партии, преку која, заедно со претставниците од Стопанскатата комора ќе бидат претставени приоритетите на бизнис секторот и од новата Влада ќе бидат побарани промени за подобрување на економската клима во земјава.