• Компаниите членки на Советот на странски инвеститори сметаат дека дијалогот меѓу креаторите на политиките и странската инвестициска заедница е од суштинско значење за успешно подобрување на инвестициската клима, истовремено стимулирајќи ја македонската економија.
• Советот на странски инвеститори ќе промовира про-бизнис иницијативи и ќе дава практична поддршка на сите инвеститори за да се подобри деловното опкружување во земјата.
• Советот на странски инвеститори има за цел да биде единствен глас на странските инвеститори во земјата.
Целта на ФИЦ е да ја направи македонската економија попривлечна за инвестиции со поедноставени правила и зголемена предвидливост. Промовирањето на солидна деловна етика и високи принципи на корпоративно управување е исто така високо на агендата на FIC.