Изданија на Белата Книга

Ова издание на Белата книга нуди збир од приоритети за економската политика од гледиштето на инвеститорите, но дополнително дава предлози за олеснување на водењето бизнис во конкретни деловни области, со цел да стимулира подинамично инвестирање странски капитал во земјава.

Белата книга содржи и предлози и мерки за справување со откриените предизвици, но и за привлекување нови странски инвеститори и подобрување на деловната клима за постојните инвеститори. Во оваа книга ќе бидат објавени сите подобрувања што ги забележале членовите на Советот. Белата книга ќе биде претставена на Владата, чин што треба да даде основа за спроведување на препораките на инвеститорите.

Белата книга претставува транспарентен облик на комуникација, проглас на приватниот сектор, изнесувајќи конкретни предлози за подобрување на деловната клима.

БЕЛА КНИГА 2018 - free download

БЕЛА КНИГА 2014 - free download