Историја и мисија

Советот на странски инвеститори е формиран на 27 февруари 2006 година со донесена одлука од управнит одбор на ФИЦ, а усвоена од претседателот на Стопанската комора на Македонија.

ФИЦ е глас на бизнис заедницата, формиран да ги претставува странските инвеститори во Македонија со голема мисија да ја промовира и подобри инвестициската клима и да го зголеми економскиот развој на земјата преку отворен дијалог со владините власти и другите деловни чинители, обезбедувајќи предлози, најдобри практики и активно иницирање реформи и подобрувања.

ФИЦ има цврста определба за промовирање на реформи за здрава инвестициска средина, привлекување странски инвестиции во македонската економија и отворен дијалог со јавните власти.

Претседател на ФИЦ е г-дин Виктор Мизо.