23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

30.03.2018 - 30.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ


Еднодневен семинар на тема:

РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

30.3.2018 година (петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


 
          Во брзо и динамично бизнис опкружување, онлајн комуникацијата станува значаен дел од постојниот маркетинг микс. Од компаниите веќе се очекува да имаат прецизно дефиниран пристап кој ќе им овозможи претставување на нивните брендови во најдобро светло, без разлика дали фокусот е на развивање B2B или B2C врски. Едноставното објавување на социјалните медиуми повеќе не е доволно за еден бренд да го заслужи своето место на социјалните медиуми. Потребно е прецизно планирање, дефинирање чекори, спроведување  кампањи и нивно мерење со цел да се остварат позитивни ефекти од онлајн комуникацијата.
За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 30 март 2018 година, го организира еднодневниот семинар на тема: „Развивање стратегија за настап на социјални медиуми“ чија цел ќе биде фокусирање кон теоретско и практично изучување на процесот на развој на стратегија за настап на социјалните медиуми.

          На семинарот ќе бидат презентирани фазите за развој на стратегија за социјални медиуми, чекорите кои е потребно да се преземат како дел од секоја фаза, како и техники и методи за спроведување и следење на резултатите. Главен акцент ќе биде даден на развивање на комуникациски стратегии за Facebook, Instagram и Twitter.

Целна група:
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ:
- Основи на развој на стратегија за социјални медиуми:

 o Запознавање со тематиката;
 o Состојба на социјалните медиуми во Македонија и можности за развој;
 o Потреба од развој на стратегија за социјални медиуми;
 o Процес на развој на стратегија за социјални медиуми.

ВТОР ДЕЛ:
- Фази на развој на стратегија за социјални медиуми (дел 1):

  o Истражување на пазарот;
  o Истражување на конкуренцијата;
  o Анализа на целна публика;
  o Сумирање на истражувањe.

ТРЕТ ДЕЛ:
- Фази на развој на стратегија за социјални медиуми (дел 2):
  o Планирање и подготовка на активности;
  o Тестирање на активности;
  o Организација и спроведување;
  o Евалуација и feedback.

ЧЕТВРТ ДЕЛ

- Практична примена

Предавач:  

- Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг, има седумгодишно работно искуство во дигиталниот маркетинг, пет од нив како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, Brand Union. Автор е на наградуваните блогови This is Not a Social Media Blog и Skopje Casual. Држи бројни обуки на тема маркетинг и дигитален маркетинг.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Напомена: Од учесниците се очекува со себе да донесат лап топ со цел непречено спроведување на планираните вежби.

Рок за пријавување: 27.3.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права