19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

02.11.2017 - 03.11.2017


Саем Коџаели,  Турција

„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција


 

„Match4Industry Business Matching Event“
www.match4industry.com

  2-3 ноември 2017 година 
 Коџаели, Република Турција

     Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Македонија во соработка со МАТТО - Стопанската комора на Македонија - Турција Ве покануваат да земете учество во претстојните билатерални средби – „Match4Industry Business Matching Event“.

     Овогодинешниот настан го организира Трговско-индустриската комора на Коџаели, Р. Турција, во соработка со Европската претприемничка мрежа, Трговско-индустриската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други бизнис асоцијации од Европа, Турција и пошироко.

     „Match4Industry“ е дел од „Doing Business Onsite“ или бизнис на самото  место, единствен концепт на билатералните средби кои се нудат во самите компании, како и на самиот настан. Исто така, ќе биде реализирана програма, односно посета на водечки автомобилски компании, со што на учесниците ќе им се овозможи на лице место и од прва рака да се запознаат со деловната клима во индустриските зони на Коџаели. Како и досега, обезбедени се услови за  непосредни деловни средби на партнерите во просториите на „САНТЕК“.

     Оваа година се очекуваат 350 излагачи и 40.000 посетители од следните сектори:
• набавки за автомобилската индустрија;
• метален сектор и машини;
• пластика и гума;
• автомобилски и други гуми;
• хемија (автомобилски бои и лакови, производи за одржување на автомобилите); 
• градежништво и градежни материјали;
• енергетика;
• животна средина;
• електрика – електроника;
• информативно-комуникациска технологија; 
• женско претприемништво и др.

 Котизација за учество: 80 евра по учесник.
          Котизацијата ги вклучува следните услуги:

                • деловни средби;
                • поддршка пред, за време и по настанот;
                • локални трансфери до точките за средбите;
                • превод од англиски на турски и обратно;
                • ручек, освежување и гала вечера.

     Трошоците за сместување на учесниците (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе ги финансира Министерство за економија на Република Турција под услов да се работи за купувачи.
     Барањето за бесплатно ноќевање ќе биде прифатено до 20 октомври 2017 година.

     * Пријавените компании за учество на Б2Б настанот можете да ги најдете на следниот тлинк: http://www.b2fair.com/Catalogue/m4i2017/Catalogue/Catalogue.     

     Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна  до 25 октомври 2017 година (среда).

Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог.

Контакт: м-р Сања  Николова
Телефон: +389(0) 2 3244-091
Е-адреса: sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права