20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

02.11.2017 - 03.11.2017


Конференција Будва,  Црна Гора

Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора


Покана
Конференција:
„Предизвиците на патот кон Европската Унија“
Хотел „Сплендид“ – Будва, Р. Црна Гора
2 – 3 ноември 2017 година


Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Црна Гора Ве покануваат да бидете дел од овогодинешната Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, што ќе се одржи во периодот од 2-3 ноември 2017 година во хотелот „Сплендид“ - Будва, Република Црна Гора.

     На овогодинешниот настан ќе присуствуваат високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и  науката, кои со свое излагање ќе се обратат пред присутните. 
     Ве молиме за Вашиот интерес за учество на Конференцијата да не` информирате со пополнување на пријавниот лист (во прилог), најдоцна до  20 oктомври 2017 година (петок).
- За учество на Конференцијата не се плаќа котизација. Паузите за кафе и ручек се бесплатни.
- Трошоците за патување и сместување се на тoвар на компаниите.
- Резервацијата за сместување ја обезбедуваат самите учесници, on-line на следната веб-страна: http://www.montenegrostars.com. За сите учесници на Конференцијата се обезбедени специјални цени. При вршење на регистрацијата во полето „Access key“ внесете cem2017  како би го добиле специјален попуст.

Предлог-агенда:

2 ноември 2017 година (четврток)

9:30 - 10:30 Регистрација

10:30 - 11:00 Отворање на Конференцијата
• Велимир Мијушковиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора;
• Душко Марковиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора.
 
11.0 - 13:00 Панел: Регионот по четири години од Берлинскиот Процес
Модератор: Горан Свилановиќ, генерален секретар на Регионалниот совет за соработка

Учесници:
• Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија;
• Дениз Звиздиќ, претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина;
• Душко Марковиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора;
• Рамуш Харадинај, претседател на Владата на Косово;
• Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија; 
• Ана Брнабиќ, претседателка на Владата на Република Србија.

Гостин на панелот: Пиер Хеилброн, потпретседател на ЕБРД.

13:00 - 14:30 Работен ручек на претседателите на владите на ЗБ6 и претседателите на стопанските комори (КИФ ЗБ6)
*Ручек за учесниците

14:30 - 16:00 Панел: Науката како двигател на економскиот развој
Модератор: Гордана Ѓуровиќ, професор, Универзитет на Црна Гора

Учесници:
• Линдита Никола, министерка, Министерство за образование, спорт и млади на Р. Албанија;
• Бесим Беќај, министер, Министерство за претприемништво и иновации, Косово;
•  Рената Тренеска Дескоска, министерка, Министерство за образование и наука на Р.  Македонија;
•  Сања Дамјановиќ, министерка, Министерство за наука на Р. Црна Гора;
• Младен Шарчевиќ, министер, Министерство за образование, наука и технолошки развој на Р. Србија.

16:00 - 16:30 Пауза за кафе

16:30 - 18:00 Панел: Регионот од аспект на современите филозофи и историчари
Модератор: Дарко Шуковиќ, новинар

Учесници:
• Твртко Јаковина, историчар, Р, Хрватска;
• Латинка Перовиќ, историчарка, Р. Србија;
• Живко Андијашевиќ, историчар, Р. Црна Гора;
• Есад Бајтал, филозоф, Р. Босна и Херцеговина.

19:00  Коктел

3 ноември 2017 година (петок)

10:00 - 12:00 Панел: Геополитичката рамка – предуслови за понатамошен развој на регионот и негова интеграција во ЕУ
Модератор: Саша Кнежевиќ, декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот на Црна Гора
• Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Владата на Република Црна Гора
• Милан Кучан, поранешен претседател на Република Словенија
• Будимир Лончар, поранешен долгогодишен дипломата и политичар 

12.00 - 12:30 Пауза за кафе

12:30 - 14:00 Конкурентност и иновации
Модератор: Нина Вујошевиќ, Совет за конкурентност

Учесници:
• Сања Дамјановиќ, министерка, Министерство за наука на Р. Црна Гора;
• Драгица Секулиќ, министерка, Министерство за економија на Р. Црна Гора;
• Велимир Радмиловиќ, професор на Универзитетот во Белград;
• Душан Петрановиќ, научник од  црногорската дијаспора;
• Срѓан Реџепагиќ, научник од црногорската дијаспора во Франција;
• претставник на бизнис заедницата.

14:00 - 15:30 Ручек

15:30 - 17:00 Перспективи и модели за соработка меѓу академските и бизнис заедниците со дијаспората во насока на ЕУ-интеграциите и глобализацијата
Модератор: Никола Миловиќ, декан, Економски факултет при Универзитетот на Црна Гора

Учесници:
• Дарко Петрушиќ, генерален директор на Директоратот за научно-истражувачки дејности при  Министерството за образование на Р. Црна Гора;
• Предраг Митровиќ, директор на Управата за дијаспора на Р. Црна Гора;
• Сергеј Ѓурановиќ, научник од црногорската дијаспора во САД;
• Аленка Хоџиќ, научник од црногорската дијаспора во Р. Словенија;
• Лидија Шекариќ, научник од црногорската дијаспора во САД;
• претставник на бизнис заедницата.

17:00 - 17:15 Резиме и заклучоци од Конференцијата
• Саша Поповиќ, претседател на Сојузот на економисти на Црна Гора


     За повеќе информации слободно обратете се до лицето за контакт: м-р Сања Николова, тел: 3244 091, е-адреса: Sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права