Бизнис-настани

30.11.2017 - 30.11.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ


Еднодневна обука на тема:

ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА-ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 година (четврток)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

        Стопанската комора на Македонија на 30 ноември 2017 година, Ве поканува на еднодневна обука на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ СВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ  НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ“.

ПРОГРАМА:

- Учесници во градбата;
- Одобрение за градење;
- Градби за кои не е потребно одобрение за градење;
- Градилиште;
- Одобрение за употреба;
- Отстранување на објект;
- Инспекциски надзор во градбите;
- Предбележување на градба и располагање со идна градба;
- Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
- Дополнителни и неопходни работи за градбата;
- Влијанијата врз цената на градбата;
- Носители, вид и обем на одговорност за недостатоци во градбата;
- Приговори и рокови;
- Раскин на договорот и надомест на штета.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката e наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со градежништво, заради запознавање со основните и најбитните прашања поврзани со градбата, со посебен акцент на договорот за градење, неговото законско регулирање и практичните прашања, како и судските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со градењето.

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА

Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно    учество ќе земат и учесниците и предавачите.
Во рамките на обуката ќе биде опфатен и теоретски дел од оваа област, каде ќе
бидат презентирани ефективни методи и алатки за разрешување на дилемите и недореченостите.
Покрај наведеното, на обуката ќе се даде одговор на прашањата поставени од учесниците.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА:

• запознавање со законските одредби  договорот за градење и најбитните прашања за градбата од законски аспект и проблемите во пракса, како актуелна тема кога е во прашање нормалното функционирање на правните лица од областа на градежништвото  и во таа смисла преземање на законските можности за остварувањето на правата на правните лица како пред надлежните управни органи така и пред  судовите во Р. Македонија;
• зголемена ефикасност во решавањето на сите правни прашања и дилеми поврзани со градбите;
• економичност во функционирањето на правните лица кои се занимаваат со градежништво;
• зголемен квалитет на знаење за законските можности во остарувањето на правата поврзани со договорот за градење, учесниците во градбата, одобрението за градење, одобрението за употреба, бесправно изградени објекти и инспекцискиот надзор;
• создавање на подготвеност за справување со ризиците поврзани со градбата.

ПРЕДАВАЧИ:

- Маринела Јакасановска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје;

- м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер на тема од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. М-р Ристеска Тутуновска има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓањето правни решенија кои се клучни за успешното работење на компаниите. Еден период таа беше колумнист во списанието „HR“ - за човекови ресури, каде што главни теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 27 ноември 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права