19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

01.09.2017 - 01.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ- ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ, КОУЧИНГ И КОНТРОЛА -


Дводневен семинар на тема:

СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ 
- ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ, КОУЧИНГ И КОНТРОЛА -

19-20.10.2017 година (четврток и петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

       
        На дводневниот семинар учесниците ќе се запознаат со вештини кои се потребни да се надминат предизвиците на современите организации. Овој семинар е наменет за менаџери, раководители на оддели и организациони единици, раководители на смени, водачи на тимови, супервизори и други раководни позиции. Дава приказ на современите функции на менаџментот, како и на методите со кои вработените ефективно се раководат и се надградуваат.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Која е разликата помеѓу менаџер и лидер?
- Какви вештини се потребни за управување со современите организации?
- Како да ги мотивираме вработените за да оствариме подобри резултати?
- Како се промовира позитивно однесување во рамки на цела организација?
- Како да се справиме со проблематични вработени?
- Каде најчесто грешат менаџерите?
- Како да поставиме SMART-цели?
- Што сè може да се делегира за да се олесни работата на менаџерите?
- Што опфаќа контролата?
- Кои се алатките за ефикасна контрола и мониторинг?
- Како функционира коучингот и кои се неговите придобивки?

Програма на семинарот:

- Способности и вештини на 21. век;
- Менаџер и лидер;
- Улогата и функцијата на современиот менаџер;
- Раководење преку мотивација;
- Теории на мотивација;
- Мотивациски профил на личност и тим;
- Основни принципи на влијанието врз членовите на тимот;
- Позитивно промовирање на однесување;
- Негативно промовирање на однесување;
- Санкционирање на негативно однесување;
- Како да се справиме со „проблематичните“ членови на тимот;
- Поставување  цели;
- SMART-пристап во поставување на цели;
- Делегирање улоги и обврски;
- Правила за делегирање;
- Контрола при делегирање;
- Ефикасност на делегирањето;
- Мониторинг и контрола;
- Алатки на контрола;
- Раководење со техника на коучинг.


Придобивки:

- Да усвоите модерни методи за ефективно раководење со луѓето во Вашиот тим;
- Да најдете баланс помеѓу менаџерските вештини и лидерските способности;
- Да се изградите како лидер и да придонесете другите да ги откријат своите лидерски квалитети;
- Да креирате работна средина карактеризирана со позитивна енергија и креативност помеѓу колегите и подредените;
- Да ги научите формите на менторство;
- Да создадете критериум за евалуација на менторираните вработени како и менторите;
- Да добите јасна слика за можностите кои ги овозможува коучингот;
- Да научите како да создадете работна средина исполнета со ентузијазам, мотивираност и самодоверба помеѓу вработените;
- Да научите како да донесувате менаџерски одлуки.

Предавач:

-Наташа Алексовска, основач и  деловен консултант во Компанијата „Вивендум Ратио Солушнс“, компанија посветена на поддршка на клиентите во воспоставувањето на функцијата на човечките ресурси, структурна трансформација на функцијата на човечките ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечките ресурси со повеќе од 13-годишно искуство од областа, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети.Таа има широко познавање и практично искуство од  законската регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17.10.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права