24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

21.12.2017 - 21.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ


Еднодневен семинар на тема:

„Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ, основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување, мирување на правата и обврските од договорот за вработување, плаќање на работата, надоместоци на плата, работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”

21.12.2017 година (четврток)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


Стопанската комора на Македонија, на 21 декември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”.
Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика.

ПРОГРАМА:

1. Посебни случаи на отказ и забрана за отказ на договорот за вработување:
 - отказ од страна на работодавачот;
- отказ од страна на работникот;
- забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство;
- престанување на важноста на договорот за вработување поради судска одлука;
- престанување на договорот за работа поради трајна неспособност за работа;
- прекин  на договорот за работа поради старост;
- мирување на правата и обврските од договорот за вработување.

2. Плата надоместоци  и додатоци на плата:
- плаќање на работникот;
- основна плата, работна успешност и додатоци на плата;
- минимална плата;
- еднакво плаќање на маж и жена;
- ден на плаќање на плата;
- место и начин на исплаќање на плата;
- задржување и порамнување од плата;
- надоместок на плата.

3. Полно скратено работно време и прекувремена работа:
- полно работно време;
- прекувремена работа;
- забрана за вршење работа подолго од полното работно време;
- дополнително работење;
- скратено работно време во посебни случаи;
- скратено работно време во посебни услови.

4. Распределба на работно време и ноќна работа:
- распределба на работното време;
- прераспределба на работното време;
- работа во смени;
- право за распоредување на работно време;
- пресметување на работно време;
- ноќна работа;
- право на работниците кои работат ноќно време;
- ограничување на работа ноќно време;
- консултирање на синдикатот;
- ноќна работа на жените во индустријата и градежништвото.

Предавачи:

М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје  II Скопје
Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје  II Скопје

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 19.12.2017 година.

Во прилог: Пријавен лист и Агенда.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права