20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

17.10.2017 - 17.10.2017


Работилница Стопанска комора на Македонија,  Македонија

НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО - БРЕНД 2.0


Еднодневна работилница на тема:

НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО - БРЕНД 2.0

17 октомври 2017 година (вторник)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


          Дали брендот означува лого, етикета, симбол или нешто повеќе? Кои се најважните чекори низ кои треба да помине (или минува) секоја компанија која се занимава со комерцијализација (брендинг) на своите производи/услуги?  За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 17 октомври 2017 година организира еднодневна работилница на тема: „Нова верзија на брендирањето – БРЕНД 2.0“. Низ неколку чекори запознајте се со најважните аспекти и елементи на развој на бренд и како со тоа да постигнете поголема диференцијација на пазарот.  

          Многу компании се занимаваат со брендирање на своите производи, но само малку од нив знаат вистински да се поврзат со своите купувачи и да создадат “brand love” врска со нив. Вашиот бренд е ветување кон Вашиот клиент. Преку брендот не му ја пренесуваме само користа на клиентот од нашиот производ, туку многу повеќе од тоа - нашиот карактер, вредности и систем на верувања. Градењето бренд не е еднократен напор, туку континуиран и конзистентен процес на постојано надградување, тестирање, менување и ширење на знаењето.


ЦЕЛНА ГРУПА: 
 
          Овој семинар е наменет за менаџери во мали и средни компании, менаџери за маркетинг, маркетинг специјалисти и професионалци, рекламни агенции и сите оние што се занимаваат со маркетинг или со некој дел од процесот на брендирање на производи и услуги.

„Кога ќе се брендираш правилно, тогаш конкуренцијата
станува ирелевантна“

                                                                         Волт Дизни


ПРОГРАМА
 
Прв дел

Вовед во маркетинг и бренд/брендирање. Што е маркетинг, што е бренд? Која е разликата помеѓу „бренд” и „бренд”? Претставување на основните постулати на БРЕНД 2.0.


Втор дел

Седум (7) чекори во процесот на брендирање. Низ кои ќе се направи едно заокружување на целиот процес на брендирање на производ или услуга. Идејата е преку практично работење на случај, учесниците на работилницата да бидат водени низ сите чекори на развој и одржување на бренд. Низ дискусија и размена на идеи и информации, ќе се допре до основите на секој од тие чекори.

ЧЕКОР 1: Генерална цел - Што претставува Вашиот бренд и зошто го правите тоа?! Која е Вашата ултимативна цел? Зошто воопшто го почнувате или сте го почнале Вашиот бизнис?

ЧЕКОР 2: Анализа на моменталната состојба – опфаќа целосна анализа на работењето на компанијата, внатрешните можности, капацитети, тим итн.  Дополнително анализа на надворешните фактори, влијанија, потенцијали и трендови на пазарот. 
 
ЧЕКОР 3: Производно портфолио - Категоризација на производите и услугите. Кои се групите на производи што ги работите? Како ги менаџирате сите тие категории? Во овој дел ќе се посветиме повеќе на правилна поделба и позиционирање на секоја група производи.
 
ЧЕКОР 4: Бренд стратегија - Избор на стратешки правци на развој на брендот. Кои се фазите како ќе го развивате брендот и која е Вашата стратегија со која ќе се позиционирате и диференцирате на пазарот? 
 
ЧЕКОР 5: Визуелен идентитет - Дефинирање на изгледот на производот. Како да му скроите костум по мерка, со кој најдобро ќе го искомуницирате она што е најважно за Вашиот производ. Она што ќе го претставува најдобро неговиот вистински карактер.  

ЧЕКОР 6: Комуникациски план – Откако ги поставивте основите на брендот, следно е планирање на комуникациска стратегија како најефективно и ефикасно ќе ги промовирате и комуницирате вредностите на брендот. Што значи и како се развива интегрирана маркетинг платформа?  

ЧЕКОР 7: Егзекуција – Може се од горенаведеното да Ви биде совршено, но ако немате добар тим и знаење како најдобро да ги имплементирате Вашите планови, се може да е залудно. Во овој дел ќе се осврнеме на најважните елементи на еден план за егзекуција на пазарот?


ПРЕДАВАЧ

Петар Лазаров е консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, за извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи кои своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Тој  е и дел од тимот за развој и за продажба на брендовите „МАМА'S“ - традиционални домашни рецепти што се извезува во повеќе од 30 земји во светот и TIP OF THE WEEK - Прирачниците за личен и за професионален развој што се продадени во +15.000 примероци во Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот;
- примерок од TIP OF THE WEEK - Прирачник за личен и за професионален развој.

Последен рок за пријавување 13 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права