Почитуван корисник,
Начинот на кој можете да станете членка на Стопанската комора на Македонија, а истовремено и регистриран корисник на веб-порталот е преку пополнувањето на пристапница дадена во прилог. (Пристапница).
Со уплаќање на коморски придонес, станувате член на Стопанската комора на Македонија . Висината на чланарината е определена со акт на Собранието на Стопанската комора на Македонија во прилог (Одлука).
Со секоја Ваша испратена регистрација ќе бидете контактирани од вработените во Стопанската комора на Македонија за дополнителни информации за користењето на коморските услуги, правата и бенефициите од членството.
Во прилог Ви го даваме на увид и Ценовникот на услугите на Стопанската комора на Македонија.
Ви благодариме за интересот и Вашата одлука да станете дел од семејството членки на најстарата и најбројна бизнис асоцијација во Република Македонија - Стопанската Комора на Македонија, со надеж дека ќе ги исполниме Вашите барања.