25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

29.05.2018 - 04.06.2018


Семинар Сицилија,  Италија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)


Работилница на тема:

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА
(Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29 мај – 4 јуни 2018 година
Сицилија, Италија


          Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците.
          Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, кои помагаат во одржување на здрава и безбедна средина за работа, што претставува клуч за подобрување на самото работно место, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), од 29 мај – 4 јуни 2018 година, Ве поканува да земете учество на работилницата на тема: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА  (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) кое ќе се одржи во Сицилија, Италија.

Целта на работилницата:

Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се  развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА РАБОТИЛНИЦАТА?

• За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
• за раководители и стручни лица за БЗР, вработени од сите нивоа во сектор за човечки ресурси, правен сектор, финансии, производство, и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

ПРОГРАМА:

I дел:
- Директива на ЕУ бр.89/391 ЕЕС за воведување на мерки за поттикнување на подобрувањето на БЗР;
- Законска регулатива на БЗР во Република Македонија;
- Основни одредби на националното законодавство за БЗР;
- Последици од непримена на системот за БЗР;
- БЗР во Закон за работни односи;
- Поим за повреда при работа.

II дел:
- Познавање на подзаконските прописи од облата на БЗР, кои се во сила;
- Ангажирање на стручни лица за број и избор на претставници на вработени за БЗР, согласно бројот на вработени и дејноста на  компаниите;
- Начин и постапка за проценка на ризик на работното место и во работната колина:
   • Обезбедување податоци за проценка на ризик;
   • Анализа на постојната состојба за примена на мерките за БЗР.

Предавач е експерт од Македонското здружение за заштита при работа, м-р Снежана Јанкова Петковска,  д.и.ЗПР, стручно лице за безбедност при работа.

АРАНЖМАН

Сместување и превоз
Цена на аранжманот во двокреветна соба на база ноќевање со доручек изнесува 29.140 денари.
Доплата за еднокреветна соба 3.720 денари.

Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на наведената релација;
- бродски превоз со вклучена кабина за спиење во двата правци;
- сите разгледи на места според програмата;
- четири ноќевања во Сицилија во хотел со 3* на база на ноќевање со појадок;
- туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

*(Плаќањето за аранжманот е по добиена про-фактура од страна на Македонското здружение за заштита при работа на Вашата електронска пошта).

Котизација за советувањето
- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.130 денари (3.500 +   18% ДДВ);
- секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на   котизацијата;
- користење конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузите на работилницата;
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот;
- според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 30 бода за пасивно учество на истиот.

*(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта).

*Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година.

* Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година.

Пријавувањето за работилницата после овој рок  ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот.
Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права