Бизнис-настани

26.06.2018 - 26.06.2018


Презентација Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат,  

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ


Со цел користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија, а со кој се уредуваат видовите, висината, условите начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат, Стопанската комора на Македонија организира презентација на подзаконските акти за користење на поволностите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Презентацијата ќе ја реализира Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на РМ, заедно со своите соработници.

Во таа насока се повикуваат заинтересираните компании да присуствуваат на презентацијата на која ќе биде отворена дискусија за сите прашања околу условите и начинот на аплицирање за користење на средства, со цел поттикнување на инвестициите и технолошкиот развој, како и подигнување на конкурентноста на македонските компании. 

Презентацијата ќе се одржи на 26.6.2018 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 25.6.2018 година (понеделник), кај лицата: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 051 и Сашо Деспотоски, е-адреса: saso@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 089.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk

Контакт: Сашо Деспотоски
Тел: ++ 389 2 3244089
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: saso@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права