Бизнис-настани

29.05.2018 - 29.05.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат,  Македонија

Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС


Еднодневна работилница на тема:
ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС
29.5.2018 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Цел на работилницата

Целта на работилницата е стекнување практични знаења за правилната имплементација на легислативата која го уредува начинот на пресметка на плата, додатоци на плата и надоместоци од работен однос, со обработка на законската регулатива, сметководствениот и даночен третман на надоместоците преку практични примери за субјекти во приватниот сектор.
На работилницата на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни санкции.

ПРВ ДЕЛ

- Пресметка на плата
- Законска регулатива;
- Пресметка на основна плата;
- Пресметка на работна успешност и додатоци на плата (прекувремена работа, 
  работа во смени, работа на празник);
- Практичен пример.

ВТОР ДЕЛ

- Параметри за пресметка на плати за 2018 година;
- Лично ослободување за 2018 година;
- Стапки за пресметка на придонеси за 2018 година;
- Највисока и најниска основица за пресметка на плати за 2018 година;
- Минимална плата. 

ТРЕТ ДЕЛ

- Пресметка на надомест на плата по основ на боледување
- Законска регулатива;
- Исплата на боледување на товар на работодавач;
- Исплата на боледување на товар на Фондот за здравствено осигурување;
- Практични примери.

ЧЕТВРТ  ДЕЛ

- Надоместоци на трошоци поврзани со работата
- Дневници за службени патувања - пропишан износ, Уредба за службени 
  патувања во странство, сметководствен и даночен третман, потребна 
  документација и пресметка;
- Надомест за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот – 
  пропишан износ, сметководствен и даночен третман, потребна документација 
  и  пресметка;
- Регрес за годишен одмор и новогодишен надомест - пропишан износ, 
  сметководствен и даночен третман, потребна документација и пресметка;
- Надомест за одвоен живот – пропишан износ, сметководствен и даночен 
  третман, потребна документација и пресметка;
- Теренски додаток - пропишан износ, сметководствен и даночен третман, 
  потребна документација и пресметка;
- Практични примери.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и
- Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Учесниците на работилницата ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 22.5.2018 година.

Во прилог: - Агенда за предавањата;
                   - Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права