20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

09.11.2017 - 09.11.2017


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП


НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ
НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА
СО ХЕНДИКЕП

 
9 ноември 2017 година (четврток)
10:30-14:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

       Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ во рамките на Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“ организираат напредни обуки за компаниите со цел компаниите да бидат запознаени со бенефитите кои им стојат на располагање во насока на вработување лица со хендикеп и создавање инклузивна работна сила.

       Компаниите од отворениот пазар на труд се клучен партнер на Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ и единствено преку интеграција на активните баратели на работа со хендикеп во овој пазар ќе можеме да зборуваме за еднакви можности и недискриминација во работата и работните процеси. Како дел од стратешката насоченост на Центарот и на партнерите кои го поддржуваат, овозможувањето на нови знаења и иновативни техники се приоритети за тоа како да се вклучат најразлични прашања поврзани со хендикеп во редовните работни процеси. Преку напредните обуки наменети за компаниите, но и преку програмата за практикантство/волонтерство, ќе им се овозможи на партнерските компании да добијат тренирање на работното место и контрола на работата на лицата со хендикеп. Дополнително, учесниците ќе се здобијат со продлабочено знаење за спроведувањето на соодветното приспособување на работното место.

     Во Република Македонија, бројот на вработени лица со хендикеп е многу мал во однос на целата вработена популација. Преку Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ ќе се гради мост помеѓу лицата со хендикеп и компаниите, со цел да се извлечат придобивки и за двете страни.

    Настанот ќе се одржи на 9.11.2017 година (четврток), со почеток во 10:30 часот, во Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.

Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 08.11.2017 година. Контакт: Ирена Мојсовска, е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 009 и Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 051.

Во прилог на Поканата се Агенда и Пријавен лист за настанот.  


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk

Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права