24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

15.12.2017 - 15.12.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ


Еднодневен семинар на тема:

НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И
УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА И МЕЃУНАРОДНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ

-  Правилник за попис -

 19.12.2017 година  (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


        Стопанската комора на Македонија на 19 декември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА“ - Правилник за попис.

        Целта на семинарот е стекнување на практични и теоретски знаења за правилната примена на регулативата која го уредува пописот како значаен дел од аспект на билансните позиции и даночната регулатива. Нецелосно или формално спроведен попис доведува најзначаните билансни позиции да се погрешни и неосновано искажани, што од друга страна се рефлектира на реално и објективно искажување на податоците во финансиските извештаи кое пак има влијание на преценување или потценување на добивката, односно загубата од што може да произлезат одредени санкции како прекршочни, така и кривични.

        На сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби пред се` за законски исправна сметководствена документација како веродостоен доказ за економската активност и регулативата за извршување попис со што ризикот ќе го сведат на минимум за изречување глоби при инспекциски надзори и трпење на прекршочни/кривични санкции.
Обврската за извршување попис ќе биде објаснета и согласно Законот за трговски друштва, одговорностите, презентација во судски постапки, како  и казнените одредби.
На семинарот ќе бидат образложени сите можни сценарија односно практични примери за сметководствената евиденција на разликите од пописот согласно даночната регулатива, и презентирани урнеци за интерните акти кои се задолжителна документација во процесот на отпочнување, текот и завршување на пописот.

ПРВ ДЕЛ
Веродостојноста на економските активности и доказната сила на трговските книги, односно сметководствената документација низ призма на даночната регулатива во РМ и Законот за даночна постапка;
● Обврска за водење сметководтсво, трговски книги, попис и усогласување на состојбите, чување на сметководствените документи, презентација во судски постапки, одговорност и казнени одредби согласно Законот за трговски друштва;
● Пописот низ призма на меѓународни сметководствени стандарди МСФИ за    МСЕ и рамката МСФИ;
● Сметководствените политики - вреднување на средствата и обврските;
● Формално прифатената одговорност на вработените со потпишување на   договорот за вработување други интерни акти на ниво на работодавач.

ВТОР ДЕЛ
● Попис на средствата и обврските како законска обврска и неопходна      потреба при искажување на податоци во билансите и финансиските     извештаи:
   - Законска регулатива за трговски друштва, буџетски корисници и      непрофитни организации;
   - Влијание на искажаните податоци во финансиските извештаи;
   -  Подготвителни активности за извршување попис;
   - Што вклучува пописот на средствата и обврските?

ТРЕТ  ДЕЛ
● Интерен акт за начинот на попис согласно специфичностите на дејноста:
   - Формирање комисија за попис
   - Датум на отпочнување со пописот, времетраење и рок за доставување на извештајот за извршениот попис;
   - Обврски на комисијата за попис и план за работа.

ЧЕТВРТ ДЕЛ
● Пописни листи;
● Усогласување на фактичката со сметководствената состојба;
● Извештај за извршен попис;
● Практични примери и интерни акти задолжителни при спроведување на   попис.


Предавачи:

- адвокат Александар Геровски од Скопје, со 7-годишно работно искуство, од кои 4 години како приправник - стручен соработник во адвокатска канцеларија и 3 години како самостоен адвокат. Примарна дејност во досегашното практицирање на правото се проблематиките од областа на трговското право, трудовото право, работните и облигационите односи;

- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, сметководството и деловното планирање. Магистар од областа на сметководството на тема: „Хармонизација на финансиското известување во Република Македонија базирано на МСФИ и МСФИ за МСЕ“;

- м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје со 10-годишно работно искуство, магистер по економски науки на тема: „Е-бизнис комуникација – движечка сила во бизнисот на 21-от век“.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- закуска и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот;
- прирачник.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 15.12.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права