23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

03.04.2018 - 03.04.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

КОНТРОЛИНГ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ


Еднодневен семинар:

КОНТРОЛИНГ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

3.4.2018 година (вторник)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

Стопанската комора на Македонија на 3 април 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Контролинг во магацинското работење“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето. 

Цел на семинарот: 
Запознавање на учесниците на семинарот со:
 • Менаџмент на магацинското работење;
 • Учесниците во магацинското работење - добавувач, интерни сектори - набавка, продажба, магацин, купувач;
 • Интерна комуникација во организацијата – набака & магацин, продажба & магацин;
 • Комуникација со добавувачите;
 • Приоритети на магацинското работење.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на магацинското работење – раководители на логистика, раководители на магацини, менаџери на набавка, менаџери на продажба, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање набавки, магацинско работење, транспорт и сл.).

ПРОГРАМА

1. Стратегија на магацинското работење:
   - Усогласување на политиката на магацинско работење со стратегијата  на  компанијата;
   - Имплементација на метриката во магацинското работење;

2. Мерење на ефикасност во магацинското работење:
   - Клучни индикатори во магацинското работење (KPI);
   - SMART методологија;
   - Примери на клучни индикатори во магацинското работење; 

3. Трошоци во магацинското работење:
   - Анализа во магацинското работење;
   - Евиденција во работењето.
 
Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 30.3.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права